logo
logo
logo

ЌЕ СЕ СРУШИ ЛИ КУЌАТА НА ЛАЗИЌ ВО ХРОМ ДА НИКНЕ ЗГРАДА за да се задоволат градежни инвеститори? (ДОКУМЕНТИ+ВИДЕО)

Vecer | 13.01.2022

ЌЕ СЕ СРУШИ ЛИ КУЌАТА НА ЛАЗИЌ ВО ХРОМ ДА НИКНЕ ЗГРАДА за да се задоволат градежни инвеститори? (ДОКУМЕНТИ+ВИДЕО)

Дали куќата на Дејан Лазиќ од населбата Хром во општина Ѓорче Петров ќе биде срушена или трајно оштетена заради ДУП за кој што тој вели е незаконски донесен од екс градоначалникот Александар Наумоски за да се задоволат нечии интереси и да никне зграда?

Според него бизарниот ДУП-от со кој треба да се задоволат градежните инвеститори ќе ги преполови заедничките темели на објектите, но бидејќи станува збор за заеднички темели и заеднички носечки столбови на објект кој е граден како едена куќа, а потоа само се поделен со еден попречен ѕид во две станбени единици, постои голема опасност домот на Лазиќ да биде со нарушена статика и да се сруши.

Како што објаснува самиот тој  за донесениот ДУП за населба Хром, во презентираните докази може да се утврди дека е донесен незаконски за неговата парцела, односно не е извршена инвертаризација на терен а со тоа не е утврдена реалната фактичка состојба, конструктивност и статика на неговиот објект. Вели дека не е изршено ни анкетирање на сопствениците за да се запознаат со горенаведените факти.

Професорите на Градежниот факултет кои ги ангажирале во стручен наод навеле дека доколкку се гради парцијално, на соседната куќа, статиката ќе се изгуби и нивните домови ќе паднат.

- Сето претходно наведено ми е докажано во вид на стручни мислења, елаборати и вештачења изработени од Универзитетските професори Горан Марковски и Владимир Витанов а верифицирани и потврдени од Деканот на Градежниот факултет во Скопје.    И покрај сите приложени докази, пуштени преставки до општината на која и посочуваме дека е направена катастрофална грешка која ќе доведе до рушење на мојата куќа и опасност по живот за мене и моето семејство, немаме позитивен одговор од општината и градоначалникот Александар Наумовски. Не само што немаме одговор, туку позадински ги подржуваат потенцијалните инвеститори да го продолжат процесот за прибирање документација и да градат зграда која како што напоменав ќе ја сруши мојата куќа, вели Лазиќ.

Професорот на Градежен факултет, Горан Марковски во неговото стручно мислење наведува дека објектот е изграден како една конструктивна целина, со заеднички и непрекинати бетонски или армиранобетонски серклажи и не препорачува уривање на дел од објектот.

Според него тоа носи висок ризик по стабилноста и носивоста на преостанатиот дел односно куќата на Лазиќ.

Од општината Ѓорче Петров предводена од тогашниот градоначалник Александар Наумоски не го зеле воопшто предвид стручното мислење на професорот од Градежен факултет, по што следел уште еден одговор од факултетот од професорот Горан Марковски.

Марковски во одговорот до општината навел дека една од најважните принципи на добро проектирање е симетријата на конструктивниот систем и токму затоа поиздржано е тврдењето дека ќе дојде до ризик на носивоста и стабилноста на објектот доколку има рушење на дел од него.

Тој наведува дека важна е и прекинатоста и дека евентуално рушење на дел од објектот ќе има негативно влијание врз носивио­т капацитет и може да предизвика оштетувања.

Дури и градежниот инженер Владимир Витанов во своето вештачење навел дека станува збор комплицирана ситуација и дека секоја интервенција како што е отстранување на дел од објектот се оценува како ризична по стабилноста на останатиот дел.

Но општината во тој момент одлучува повторно да не ги земе предвид овие стручни мислења. Лазиќ до Вечер. мк достави десетици документи кои потврдуваат дека неговиот објект се доведува во опасност доколку се реалзиира ДУП-от.

Тој додава дека единствено решение кое му е приложено од неговиот адвокат е тоа е свикување на совет на општина Ѓорче Петров и ревидирање на ДУП-от за неговата парцела согласно сите приложени докази, но додава дека се плаши за позадинската постапка која се води во корист на потенцијалните инвеститори.

Лазиќ вели дека новиот градоначалник Александар Стојковски пак ретерира од секаква одговорност и вели дека нема можности како да го запре овој криминал.

Вечер.мк испрати и мејл со прашања до градоначалникот, но до овој момент не доби никаков одговор.

Ова се 15-те НАЈЧИТАНИ ПОРТАЛИ ВО МАКЕДОНИЈА! Тие се јавното мислење

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk