logo
logo
logo

РЕВИЗОРСКИ НАОД ЗА УПРАВАТА ЗА МАТИЧНИ КНИГИ

100.000 сомнително издадени изводи - измама, грешка или претпописен план?

Vecer | 16.04.2021

100.000 сомнително издадени изводи - измама, грешка или претпописен план?

Речиси 100.000 изводи издала Управата за водење на матични книги кои не биле заведени во евиденцијата и е направен кусок од близу милион денари, но и неколкукратно поголема штета претпрел државниот буџет.

Државниот ревизор смета дека е нејасно дали станува збор за измама или за грешка во работењето, а одговорноста ја лоцира кај директорот Бујар Дардишта.

Дали се работело за долгорочен план за поткревање на бројки на жители пред пописот на населението, за финансиска проневера или само за лошо работење, засега воздржаност кај надлежните и во Владата, пишува мкд.мк.

Државниот завод за ревизија во конечниот ивештај за работата на Управата за водење на матични книги во текот на 2019 година изрази неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи.

Утврдено е дека има кусок во износ од 901.000 денари врз основа на издадени изводи, а нешто повеќе од еден милион денари кусок во приходите, но и околу четири милиони денари штета за буџетот на државата по неколку основи.

Поконкретно, издадени биле за 94.451 повеќе изводи од заведеното во евиденцијата, или како што велат од Заводот, станува збор за кусот на изводи.

Конкретна одговорност овластениот државен ревизор за финансиските извештаи на Управата ја лоцира кај раководството застапувано од директорот Бујар Дардишта, без оглед, како што е наведено, дали се работи за измами или пак за грешки.

Со други зборови, сомнежот е дали некому изводи му биле издавани бесплатно, или пак станува збор за злоупотреба на службената положба па на некои лица биле издавани изводи со неточни податоци заради различни цели.

Или, како што заклучува овластениот ревизор, издадени се повеќе изводи отколку што се заведени во евиденцијата.

И тука, ревизорот ја запишал веќе наведената бројка констатирана со попис извршен на 31 декември 2019 година од 94.451 издадени изводи.

И кусокот на пари на сметката на Управата и на државнот буџет.

На барање на МКД.мк од Државниот завод за ревизија појасниле:

„Во текот на 2019 година издадени се вкупно 530.000 изводи на родени, венчани и умрени лица. Во подрачните одделенија Скопје, Тетово, Гостивар, Ресен и Прилеп констатиран е кусок од 94.451 изводи на граѓани во Република Северна Македонија и надвор од неа".

Целиот текст на следниов линк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk