logo
logo
logo

Во Дубаи регистрирани 52 фирми од Македонци, КОЛКУ ОД НИВ СЕ НА ЗАЕВИ?!

Vecer | 15.04.2025

Во Дубаи регистрирани 52 фирми од Македонци, КОЛКУ ОД НИВ СЕ НА ЗАЕВИ?!

Сè повеќе македонски компании се позиционираат на пазарот на Обединетите Арапски Емирати, а само оваа година пет нови фирми од земјава станаа членки на Стопанската комора на Дубаи. Вкупниот број сега изнесува 52, што претставува годишен раст од 52 отсто, информираат од Коморите на Дубаи.

Денеска, Стопанската комора на Дубаи беше домаќин на македонска делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Од дубајска страна, делегацијата беше предводена од Султан бин Саид ал Мансури, претседател на Коморите на Дубаи – организација која ги обединува трговската, дигиталната и меѓународната комора. Двете страни разговараа за можности за продлабочување на економската соработка и отворање нови инвестиции.

Според податоците на владината прес-служба на Дубаи, трговската размена без нафта помеѓу Дубаи и Северна Македонија во 2024 година достигна 52,2 милиони долари.

Во фокусот на разговорите биле новите инвестициски можности, поддршката за македонските компании и зголемување на извозот во различни сектори – од електроника, текстил и возила, до овошје и зеленчук. Од Дубаи, пак, најмногу се извезуваат електронски уреди, медицински инструменти, козметика и спортска опрема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk