Ниту еден од трите бродовите во реката Вардар не е отстранет, а градоначалникот Петре Шилегов најави нивно уривање од самото доаѓање на градоначалничката функција пред три години.

Помина речиси една година откако на прес-конференцијата одржана на 9 март, Шилегов пред новинарите и камерите го потпиша решението за отстранување на галијата кај МЕПСО  ѝдека доставил решение на фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ во 2018 година дека треба да почне да врши дејност.

Кон крајот на јуни, градоначалникот објави дека е раскинат договорот и за галијата кај „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“ поради неплатена кирија за 4 месеци.

Но, досега ниту една од двете галии не е тргната, а Шилегов неколку пати изјавуваше дека работите се одложиле поради судски постапки односно сопствениците поднеле тужби на решението на Градот за раскинување на договорите. Сега најавува наскоро уривање на еден од бродовите.

„Целосно се исполнети условите за да почне постапката за отстранување на бродот кај ‘Холидеј ин‘. Наредната недела ќе се утврди динамиката и за 40 до 60 дена ќе биде отстранет. За бродот кај МЕПСО сè уште не се завршени судските постапки“, вели Шилегов.