И официјално таблата со новото име Република Северна Македонија се закотви на граничниот премин Богородица.

Како што беше најавено новата табла денеска, согласно договорот од Преспа ја замени старата со што и официјално стапи во примена договореното со Грција.

Таблите на сите гранични премини ќе бидат заменети со нови на кои ќе го пишува новото име на Македонија.

 

Таблите на македонски, албански и англиски јазик Република Северна Македонија ќе ги пречекуваат оние кои влегуваат и излегуваат од државата.

извор faktor.mk