И претседателот на СДСМ Гостивар, Зоран Ангелов доби работа во државната ЕЛЕМ, пишува  ТВ 24.

Тој од пред некој ден е вработен на неопределено време во ХЕЦ „Маврово“. Од ЕЛЕМ ја потврдија информацијата дека со последниот оглас кај нив добил работа и Ангелов, како инженер за машинско одржување, на неопределено време.

„ЕЛЕМ се одговорни за се, нив прашајте ги. Не знам кога беше огласот, видете со нив“- изјави Ангелов за ТВ24.