Можеби сме за никаде и фалат одговори и сериозност, ама нашите клеросоцијалдемократи секогаш имаат време за Црквата и традицијата, коментира на Фејсбук политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

Можеби немаме ни една вакцина.
Можеби сме најкорумпирана земја на Балканот.
Можеби сексуалното насилство поминува неказнето повеќе од година дена.
Можеби сме изолирани во патот за Европа.
Можеби сме земја каде Црква гради минихидроцентрали.
Можеби сме за никаде и фалат одговори и сериозност, ама нашите клеросоцијалдемократи секогаш имаат време за Црквата и традицијата, пишува Мицковски на Фејсбук.