logo
logo
logo

Зошто веста дека Наоми стана мајка на 50 го потресе светот?!

Vecer | 19.05.2021

Зошто веста дека Наоми стана мајка на 50 го потресе светот?!

„Наоми Кемпбел стана мајка во 50. година од животот“, „Мајчинството во 50. година го шокираше светот“, „Прв пат мајка на 50“... ова се само дел од насловите кои од синоќа кружат по интернет како суров потсетник дека и покрај тоа што е 21 век, еманципацијата, (р)еволуцијата т.н. „доцно“ мајчинство и понатаму е стигматизирано.

Со фотографија на која се гледаат ноџиња на бебе кои таа ги држи во раката, Наоми изненадно објави дека станала мајка, па покренала низа шпекулации за тоа кој го донел на свет девојченцето - таа или сурогат мајка, кој е таткото, па како можела да роди во шестата деценија.

Потребата мајчинството да остане во оковите на традицијата и овој пат испливала на површина, како самата вест за тоа дека една жена станала мајка, во кое било време, на кој било начин, по своја волја, не е сама по себе доволно вредна и важна.

Наоми во едно од своите интервјуа во 2017 прв пат откри дека би сакала да има дете, како и дека благодарение на науката и технологијата, може да стана мајка кога ќе посака. А ние се согласуваме со неа.

Сега кога ги достигнала сите можни врвови во кариерата, основала хуманитарна организација и инспирирала многу жени ширум светот, Наоми смета дека е вистински момент за семејство и да му се посвети на приватниот живот. И тоа е всушност единственото вистинско време - кога и да се почувствува спремно жената. Без непотребни прашања и коментари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk