logo
logo
logo

Зошто туристите ГО ОБОЖАВААТ АМСТЕРДАМ?

Vecer | 24.11.2021

Зошто туристите ГО ОБОЖАВААТ АМСТЕРДАМ?

Амстердам е музеј на отворено, ризница на познатото историско наследство од 17 век, необични градби, фасади во различни бои, 1.500 мостови, безброј канали, чамци кои постојано пловат ...

Ова исклучително добро организирано кралство, со кое долго време владеат жени, не без причина е собиралиште на туристи од целиот свет, но и на имигранти од сите народи и бои, кои даваат посебен печат на земјата, од која најголемиот дел е под нивото на морето.

Амстердам е еден од ретките градови во Европа каде најмалку ќе се чувствувате како странец, бидејќи тука живеат повеќе од 180 нации. Во градот има повеќе од педесет музеи, од кои најпопуларни се Стедлијк, Музејот на современа уметност, Постојаната изложба на Ван Гог, музејот на восочни фигури Мадам Тисо и оригиналната пиварница Хајнекен. Во Амстердам несомнено ќе најдете музеј кој ќе го задоволи вашиот вкус.

Ноќниот живот во Амстердам е вистински предизвик. Има повеќе од педесет кина, театри, каде што се изведуваат претстави на англиски јазик, а концерти на класична музика се изведуваат во прекрасни, осветлени паркови.

Идеално место за прошетка е покрај реката Амстел. За вечерна забава посетете ги баровите во делот на градот наречен Јордан. Локации кои исто така треба да се посетат во Амстердам се Ријкс музеј и стадионот на Ајакс ...

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk