logo
logo
logo

Зошто теретаните и вежбалниците се полни со огледала? Еве го одговорот

Vecer | 23.09.2021

Зошто теретаните и вежбалниците се полни со огледала? Еве го одговорот

Има многу причини зошто повеќето спортски сали и фитнес-студија имаат бројни огледала на ѕидовите. Сѐ се сведува на подобрување на вежбањето, но и мотивација за подобри резултати преку следење на сопствените движења на телото.

Вежбањето пред огледало може да изгледа како признак на заљубеност во себеси, но вистината поради којашто огледалата со десетлетија се составен дел од танцовите студија и вежбалниците, е друга. Според Psychology Today, истражувањата потврдуваат дека вежбањето пред огледало може да има и позитивни и негативни страни. Од позитивната гледна точка, тие помагаат да се усоврши формата на телото. Со помош на тоа, човекот го поправа движењето, дишењето, опуштањето на мускулите итн. Од друга страна пак, огледалата можат да ја попречат внатрешната рамнотежа и да нѐ натераат да го префрлиме вниманието на небитни движења.

Со оглед на ова, „надворешниот фокус (нагласка на тоа како вашите движења влијаат врз сѐ она околу вас) води кон подобри перформанси отколку внатрешниот фокус (тоа – како се движи телото или мускулните групи) за време на физичките напори“, се вели во истражувањето.

Најдобар начин да избегнете повреди во вежбалницата е добрата форма. Но, вежбите пред огледало помагаат да се постигнат потребните промени за да се спречат какви било незгоди, напрегања или истегнување на мускулите.

Гледајќи го своето движење, пак, може дополнително да се инспирирате, да работите понапорно и да дадете сѐ од себе.

Огледалата го развиваат и чувството за простор и за кореографија. Работењето блиску до другите е многу полесно ако видите на огледалата – колку всушност сте блиску. Тоа помага при полесно совладување кореографски движења, без вртење наназад.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk