logo
logo
logo

Зошто треба да пиете МЛЕКО ПРЕД СПИЕЊЕ

Vecer | 21.09.2022

Зошто треба да пиете МЛЕКО ПРЕД СПИЕЊЕ

Млекото е одличен извор на протеини, здраво е за коските и најкорисно е кога го пиете пред спиење.

На пример, шолја млеко пред спиење ќе ви помогне да заспиете побрзо, да спиете мирно без да се разбудите среде ноќ, па дури и да го забрзате слабеењето!

Еве зошто е добро да пиете млеко пред спиење:

Подобар сон

Повеќекратни студии на луѓе и животни покажаа дека пиењето млеко пред спиење промовира подобар сон. Млекото содржи триптофан и мелатонин, кои помагаат полесно и побрзо да заспиете.

Тирптофанот игра важна улога во производството на серотонин, кој го подобрува расположението, опушта и всушност е претходник на мелатонин, кој го регулира биоритамот и го подготвува телото за спиење.

Покрај тоа, науката покажа дека внесувањето доволно триптофан и мелатонин ја намалува анксиозноста и депресијата, кои може да се влошат за време на периодите на спиење.

Го спречува будењето поради глад

Ако вечерате доста пред спиење, можно е да имате проблеми со спиењето во текот на ноќта. За да спречите да се разбудите гладни, испијте чаша млеко пред спиење.

Нè опушта

Покрај физичкото влијание врз организмот, пиењето млеко пред спиење нè потсетува на детството кое ни враќа убави спомени и делува смирувачки. Не релаксира и создава чувство на спокојство.

Помага при слабеење

Ако пиењето млеко ви помага да спиете подобро, тоа ќе ви помогне и да изгубите тежина! Лошиот сон може да биде причина за зголемување на килограмите, па подобрувањето на квалитетот на сонот би можело да биде решение за тие неколку накачени килограми. Покрај тоа, млекото е полно со протеини, па е одлична замена за доцната „грицка“ која може да биде и виновник за дебелеење.

Ја зголемува чистата мускулна маса

Млечните протеини се казеин и протеин од сурутка. Неколку студии покажаа дека конзумирањето на двете вечерни часови ја зголемува синтезата на мускулните протеини во текот на ноќта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk