Зошто сте намќор и ништо не може да ве направи среќни

Дали чувствувате празнина? Дали можеби не се чувствувате среќни? Прочитајте ги овие причини зошто ништо не може да ве напарви среќни и задоволни, но и решенијата кои се понудени за да ви го направат животот позадоволен.

1. Не реално ја сфаќате среќата

Ако имате голем автомобил, но сепак барате некој подобар или пак ако сте во љубовна врска, а се фокусирате на недостатоците на партнерот, тогаш имате прифатено туѓо сфаќање за тоа како треба да изгледа среќата.

Решение: Идеите најверојатно ги наоѓате во филмовите или пак се плод на сопствената фантазија, како се замислувате побогати или славни. Меѓутоа, не треба постојано да размислувате само за пари, позиција или изглед, туку треба да се запрашате што е она што навистина би ве направило посреќни.

2. Сѐ уште сте тинејџер во душа

Доколку имате навика постојано да се натпреварувате со соседите или чувствувате потреба да поседувате некои работи само затоа што ги имаат вашите познаници, тоа е знак дека сѐ уште размислувате како средношколец. Сосема е нормално да сакате да се вклопите и да чувствувате дека припаѓате некаде, но ова исто така може да доведе и до чувството дека сте одбиени или чувството на помала вредност.

Решение: Потрудете се да се идентификувате со различни луѓе кои се поврзани со вашиот возрасен живот – оние кои се грижат повеќе за создавање промени.

3. Недостаток на вистински врски

Ако сакате да ги споделувате вашите чувства, на Фејсбук или на Твитер, а и понатака се чувствувате осамени, тогаш вашата несреќа произлегува од недостаток на вистински врски со луѓе.

Решение: Поканете ги вашите пријатели на ручек или кафе и дружете се. Исто така можете да излегувате во клубови.

4. Лоши спомени од минатото

Ако во минатото сте имале ниска самодоверба и секогаш чувствувате дека треба нешто да докажувате, тогаш никако не можете да бидете среќни.

Решение: Свртете се кон минатото и потрудете се да видите од каде произлегува таа недоверба, а потоа променете ги своите ограничени верувања. Откако ќе прифатите дека сте доволно добри, вашата способност за среќа веднаш ќе порасне.

5. Емоционален затвор

Ако мислите дека е слабост да побарате помош, тогаш лесно можете да завршите обземени од емоции. Во таква ситуација, вашиот товар е премногу тежок и ништо не може да ве задоволи.

Решение: Прифатете го фактот дека кога одбивате помош, вие само го нарушувате своето ментално и физичко здравје. Кога ќе имате кој да ве поддржува, светот може да стане многу убаво место.

6. Трчате по среќата

Дали имате чувство дека ако направите само уште една работа, тогаш ќе бидете среќни? Тоа би можело да бидат повеќе пари, нов дом, нов партнер, ... Но, се лажете ако мислите дека остварувањето на само уште една цел може да ви донесе мир. Тоа е само привремено.

Решение: Дознајтешто е тоа што ве држи да бидете целосно среќни. Зошто ви се потребни надворешни фактори за да бидете среќни? Пронајдете начини за да научите како да уживате во едноставните задоволства.

7. Не сте во можност да си пружите безусловна љубов

Ако не можете да се погледнете во огледалото и да чувствувате љубов и прифаќање, тогаш не е ниту малку чудно што ништо не може да ве направи среќни. Начинот на кој се гледате себеси има голема улога во одредувањето на она што го привлекувате.

Решение: Прво откриете го изворот на негативност. Дознајте кои се вашите внатрешни рани и работете на нивно лекување. Бидете внимателни кон себе!

Поврзани

Најнови вести

Коментари