logo
logo
logo

Зошто се вели дека нешто ќе чини како свети Петар кајгана...

Vecer | 24.07.2021

Зошто се вели дека нешто ќе чини како свети Петар кајгана...

Изразот “ќе чини како свети Петар кајгана“ кое значи дека нешто скапо би не чинело или дека сме го платиле повеќе отколку чини има неколку тумачење за неговото создавање.

Спрема некои тумачења, Петар навистина скапо го чинела кајганата, а оваа приказна Јован Јовановиќ Змај ја преточил во стихови

Скапа кајгана на свети Петар

Во песната под наслов Скапа кајгана на свети Петар зборува за тоа како Исос Христос и апостол Петар оделе по светот да ги искушуваат луѓето. При тоа “Христос го тестирал и својот Петар“. Една вечер преспале во колиба на сиромашна вдовица, која имала неисханети деца. Таа убаво ги дочекала и им понудила кајгана за вечера. Христос тоа го одбил и отишол на да спие на слама, предупредувајќи го Петар: “Немој да ја јадеш нејзината вечера, таа е подготвена за децата“. Петар на кого му било премногу гладување, не го послушал Исус и ја изел кајганата, но таа во ист момент се скаменила тако што тој неможел да ја јади. После сето тоа Исус му дал задача да остане во куќата на жената и да им обезбеди на децата храна. Така што Петар со денови просел по куќите за да обезбеди храна за децата.

Кога Исус се вратил го прашал: Дали се е добро, па да ти простам?“ Петар притиснат и изнемоштен, одговорил: “Се е добро, со милоста од тебе ти благодарам! Но кајганата скапо ме чинеше“.

Друга верзија...

Спрема оваа верзија, Петар и Исус преноќевале во куќа кај некој домаќин. Петар гладен решил без прашање за себе да си подготви кајгана. Домаќинот после тоа добро го претепал, со што и оваа кајгана може да се толкува како скапа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk