За време на празниците има дополнителен притисок на емотивните односи, без разлика дали во материјална смисла или поради семејни работи.

Научно е докажано дека заљубените парови најчесто се караат, раскинуваат и се разведуваат по новогодишната ноќ, односно во јануари.

Значи, сигурни сме дека се прашувате зошто паровите се караат за празниците повеќе од вообичаено?

За време на празниците има многу очекувања и активности кои не оттргнуваат од секојдневниот живот. Паровите повеќе се караат затоа што им е нарушена секојдневната рутина и постои притисок да се исполнат очекувањата дека овој период од годината ќе биде магичен.

Овие очекувања може да се спротивни на вашите индивидуални убедувања и може да настанат тензии меѓу световите на паровите кои се „судираат“ и се разликуваат.

Затоа, најдобро е да се препуштите на денот со насмевка и да не се грижите премногу за тоа што сте успеале да направите, а што не.

Разговарајте со партнерот и кажете му колку ви бил стресен овој период и смирено погледнете ги ситуациите кои ве изнервирале.

Новата 2022 година е тука, и верувајте ни, ќе добиете се, и не дозволувајте овие несогласувања да ви ја расипат врската и празниците во кои треба да уживате.