logo
logo
logo

Зошто ПАПАТА СЕ СРЕТНА СО СПАЈДЕРМЕН (ФОТО)

Vecer | 23.06.2021

Зошто ПАПАТА СЕ СРЕТНА СО СПАЈДЕРМЕН (ФОТО)

Аудициенциите кај папата претежно личат на едни на други - има голем број граѓани и свештени лица кои ја слушаат проповедта на папата. Сепак, сето тоа паѓа во вода кога Спајдермен ќе се појави во публиката и тоа во ВИП-делот.

Маж облечен во тесен црвено-син костум, истиот оној кој носи еден од омилените херои, односно Спајдермен, седеше во ВИП-делот од публиката во палатата Сан Дамасо во Ватикан и го слушаше говорот на папата

Тој седеше тивко до еден свештеник кој беше целосно облечен во црно и се чинеше дека присуството на Спајдермен воопшто не му пречеше. Многумина веднаш се прашуваа кој е мистериозниот човек кој се појави на ваков важен настан облечен во костум на херој.

На крајот, се покажа дека зад маската се криел 27-годишниот Матио Вилардита од Северна Италија. Тој добил почесно место во публиката заради хуманитарната работа што ја работи со години. Матио се облекува во суперхеројски костими и облечен на тој начин, ги посетува детските болници каде што настапува и ги развеселува болните деца.

Минатата година, италијанскиот претседател Серхио Матарела му оддаде почит за неговата хуманитарна работа.

Кога церемонијата завршила, Матио се сретнал со папата, кому му ја подарил маската од Спајдермен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk