logo
logo
logo

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА СЕ НАЗДРАВУВА СО ЧАША ВОДА: Еве што си посакувате себеси и на другата личност

Vecer | 26.05.2021

ЗОШТО НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА СЕ НАЗДРАВУВА СО ЧАША ВОДА: Еве што си посакувате себеси и на другата личност

Спрема ова верување, подобро е да се наздрави со празна чаша отколку со вода...

Наздравувањето е предизвик сам по себе: ако сте личност која ќе стане да каже зборови и да ја започне вечерата со едно “Живели“, подгответе се и да ги знаете правилата за наздравување. Најважно е да имате нешто во чашата пред да ја кренете и што е уште поважно, потрудетесе чашата да не биде наполнета со вода.

Наздравување со чаша вода, спрема верувањето, на гостинот и себеси си посакувате лоша среќа.

Ова суеверие се зацврстило и се провлекува низ историјата низ еленската митологија, каде што мртвите секогаш би пиеле од реката Лете во длабочините на Подземјата, за да го заборават својот минат телсен живот. Како резултат на тоа, елините секогаш наздравувале за мртвите со чаша пола вода да го симболизираат нивното патување, преку река и Подземниот свет.

Како последица на оваа морбидна приказна се смета дека предлагање здравица кон некој со вода слично е како да сте му посакале лоша среќа, а можеби и смрт. Многу луѓе исто така веруваат дека наздравување со вода си посакувате себеси смрт, бидејќи оваа течност го одржува вашиот иден воден гроб.

Освен што што ќе му посакате смрт на вашиот гостин и себеси, наздравувајќи со вода го предизвикувате бесот на боговите. Наздравувањето секогаш се сметало желба која сте ја упатиле на боговите, нудејќи им го својот пијалок додека ја држите чашата.

Прослава со чаша наполнета со вода, е досаден и неутрален пијалок, не бил ценет кај боговите, и секој кој би се осудил да наздрави со овој пијалок, ќе доживеел трагична судбина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk