logo
logo
logo

Зошто кај некои се појавува покачена температура по примање на вакцината?

Vecer | 19.04.2021

Зошто кај некои се појавува покачена температура по примање на вакцината?

Нормално е граѓаните да почувствуваат одредени симптоми откако ќе примат вакцини како „Фајзер“, „Спутник“ и „Астра зенека“, бидејќи сето тоа зависи од принципот на кој работи вакцината, објаснува српскиот вирусолог д-р Миланко Шеклер.

Вакцините како „Фајзер“, „Астра зенека“ и „Спутник“ се такви што немаат никаква подготовка, односно се како инстант кафе и штом ги внесеме во организмот, тие почнуваат да делуваат.

Поради брзата реакција, започнуваат да се создаваат голем број на антигени. Организмот смета дека вакцината всушност е вирус, затоа се брани со температура, затоа што тоа е неговиот одбранбен механизам, објаснува тој.

Д-р Шеклер смирува дека овие симптоми се минливи и не го загрозуваат здравјето.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk