logo
logo
logo

Зошто мачките ИМААТ 9 ЖИВОТИ

Vecer | 31.05.2021

Зошто мачките ИМААТ 9 ЖИВОТИ

За мачките постојат многу верувања и митови за нивното влијание врз човечкиот живот. Покрај приказните за црни мачки, се тврди и дека мачките имаат девет животи. Дали знаете зошто е тоа така? Од каде потекнува познатото верување за 9 животи?

Верувањето за повеќе животи на мачките постои насекаде во светот, а најчестата бројка е 9.  Сè зависи од локалните приказни и обичаи.

Ако анализираме од каде потекнува бројот девет од целата оваа приказна, постојат две можности. Една од нив е дека легендата за девет животи на мачките потекнува од Кина, каде што овој број се смета за среќен.

Друга можност е дека приказната потекнува од Египет, каде мачките се многу ценети и поистоветувани со божество. Имено, врховниот египетски бог Ра често бил прикажуван во форма на мачка, а според легендата, тој од своето тело создал уште осум врховни богови.

Од каде мачките имаат повеќе животи?

Сега кога знаеме од каде е идејата за бројот девет, да видиме од каде потекнува идејата за неколку животи на мачките.

Легендата најверојатно потекнува од тоа дека мачката е секогаш застанува на нозе, дека е издржлива, дека брзо се опоравува и дека секогаш се „враќа“ во живите.

Сепак, иако мачките се прилично подвижни животни, тие сепак се подложни на повреди и загуби на живот како и секое друго животно. Затоа е важно да се грижиме за нивното здравје и благосостојба, како што е случајот со другите домашни миленици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk