logo
logo
logo

Зошто лажеш дека си родила 10 близнаци? Од главна "ѕвезда" во медиуми до психијатриска болница

Vecer | 24.06.2021

Зошто лажеш дека си родила 10 близнаци? Од главна "ѕвезда" во медиуми до психијатриска болница

Откако неодамна во светските медиуми се прошири приказната за жена од Јужна Африка, која тврдеше дека родила 10 бебиња, се покажа дека станува збор за измислица.

Имено, Госијаме Ситоле тврдеше дека родила седум момчиња и три девојчиња во Преторија на почетокот на овој месец. Но, сомнежите во нејзината приказна се појавија кога нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци изјави дека не видел новороденчиња и ја обвини сопругата за лага.

Потоа Ситоле била сместена во психијатриска болница.

Измислицата на Госијаме била откриена откако владини претставници спровеле истрага и дознале дека лекарите од околната болница не забележале породување со десет бебиња. Според истражителите, „утврдено е и дека таа не е воопшто бремена“, кога било во последно време. Ситоле сега е во душевна болница под надзор.

Покрај тоа, владата ќе покрене и тужба против Пиет Рампеди, уредник на „Преторија њуз“, од каде што приказната се прошири низ светот. Весникот се извини затоа што не биле проверени тврдењата на жената.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk