logo
logo
logo

Зошто кралицата Елизабета II никаде НЕ одела без овој моден додаток?!

Vecer | 24.09.2022

Зошто кралицата Елизабета II никаде НЕ одела без овој моден додаток?!

 

Кралицата Елизабета ретко ја гледавме без нејзините миленици, нејзината круна и една работа од која никогаш не се одвојуваше.

Чантата со потписот на брендот „Launer“ беше незаменлив дел од секој нејзин аутфит. И за време на средби на највисоко државно ниво, но и кога поминувала време со своите правнуци. Во серијата „The Crown“ кралицата ја глумеше Оливија Колман и покажа дека чантата не е само додаток за имиџот и јавноста. Ја носела редовно во Бакингемската палата, но и додека се релаксирала на софата.

„Таа еднаш ми кажа дека не се чувствува дотерана ако нема чанта. Најмногу и се допаѓаа моделите кои може да ги отвори без да ги тргне од раката. Таа секогаш беше практична жена", рекол Џералд Бодмер, извршен директор на компанијата „Лаунер“.

Во 1991 година, кралицата ја посетила фабриката за да види како се прават нејзините омилени чанти. Секоја од нив е рачно изработена и потребни се околу осум часа за да се направи, така што цената од 2.376 долари не е изненадување.

 

Во чантата Елизабета II носела се што и требало: мало огледало, кармин, марамчиња, налив перо... Патем, чантите биле многу повеќе од моден додаток за кралицата. Ги користела за комуникација со персоналот - ја префрлала чантата од рака на рака кога повеќе не сакала да зборува, ја ставала на маса кога сакала да го напушти настанот, а кога ја спуштала на подот барала од персоналот да ја „спаси“ од соговорникот на суптилен начин.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk