logo
logo
logo

Зошто корпите за облека ИМААТ ДУПКИ

Vecer | 16.06.2021

Зошто корпите за облека ИМААТ ДУПКИ

За  многумина перењето на облеката е една од најомразените домашни работи. Но без разлика што перете не можете без една работа.

Се разбира, без корпата за собирање алишта.

Но, дали некогаш сте се запрашале зошто сите корпи за перење имаат дупки?

Причината зад оваа мистерија ја открива експертот - Патриша Ричардсон.

Според неа, дупките го олеснуваат носењето на облеката кога корпата е полна со алишта.

Ако се сеќавате на тие стари плетени корпи, оваа претпоставка има уште поголема смисла. Тие, на пример, имаа природни дупки.

„Кога производителите започнаа да прават поевтини, пластичните алтернативи, тие веројатно се обидоа да ги имитираат овие корпи, додавајќи дупки на нив“, вели Ричардсон.

Корпите за собирање на нечиста облека пред перење веројатно имаат слична намена, а имаат и дупки за вентилација, бидејќи во нив се става облека што е влажна и полна со пот.

Овие дупки создаваат и еден недостаток, а тоа е дека корпите не можат да се користат за повеќе намени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk