logo
logo
logo

Зошто комарците ПОВЕЌЕ КАСААТ НЕКОИ ЛУЃЕ

Vecer | 26.05.2023

Зошто комарците ПОВЕЌЕ КАСААТ НЕКОИ ЛУЃЕ

Сигурно сте забележале дека кога времето е убаво и кога се појавуваат комарци, секогаш има луѓе кои се повеќе „касани“.

Можеби звучи лудо, но комарците имаат омилени крвни групи и затоа најмногу ќе ги напаѓаат луѓето со нулта крвна група, судејќи според досегашното истражување.

Интересно е што, покрај крвната група, комарците ги привлекува и мирисот на вашето тело, но и одредени бои кои ги носите, истражувањата покажуваат дека најмногу ги привлекуваат црните и другите темни бои.

Освен тоа, конзумирањето алкохол може да биде и совршена мамка за комарците поради некоја необјаснива причина, а излегува дека трудниците им се особено интересни.

Некои тврдат дека ги води мирисот на цигарите, па пушачите не би требало да имаат проблем со нив.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk