logo
logo
logo

Зошто е подобро да се купуваат чевли попладне?!

Vecer | 28.06.2022

Зошто е подобро да се купуваат чевли попладне?!

Стапалата се менуваат во текот на денот и стануваат подолги и пошироки како што одминува денот. Затоа експертите велат дека е подобро да се купуваат чевли попладне отколку наутро.

Германската кампања за здрав грб (AGR) ги повикува потрошувачите да избегнуваат да купуваат чевли во погрешно време од денот бидејќи тоа може негативно да влијае на нивната удобност и, уште поважно, да доведе до болки во грбот меѓу другите проблеми. Исто така, добро е да ги имате истите чорапи што обично ги носите со чевлите, според упатствата на Британската национална здравствена служба (NHS).

sneg, žena, čizme, kupovina, cipele

Добриот чевел ќе овозможи природно свиткување на стапалото и мекост на критичните места како што е петата. Табаните треба да бидат пофлексибилни, а не од тврд материјал, велат експертите.

Доколку носите влошки поради рамни стапала или други компликации, не е лошо да ги понесете со себе во продавница на тест. Треба да изберете само чевли со влошки кои може да се извадат за да можете да ги замените со вашите медицински.

Кога станува збор за големината на чевлите, лекарите велат дека треба да се обидете да имате доволно простор на горниот дел од чевелот - барем колку еден прст. На вашите прсти им треба дополнителен простор за да можете да се лизгаат напред кога одите по надолнина. Исто така, важно е петата во чевелот да стои цврсто.

Доколку имате проблем со вртоглавица, треба да избегнувате чевли со многу мек ѓон, бидејќи во случај на вртоглавица тие можат само да ја влошат ситуацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk