logo
logo
logo

Зошто ЧИПСОТ е толку многу “надуен“....

Vecer | 29.11.2021

Зошто ЧИПСОТ е толку многу “надуен“....

Купуваш чипс, го отвораш и на свое разочарување гледаш полупразна кеса. Голем дел е всушност воздух. Веројатно би помислиле дека е измама на производителот, а пакувањето намерно оддава впечаток дека во него има повеќе чипс. Но вистината е изненадувачка. Во суштина, воздухот кој го полни пакетот чипс има специфична цел, и тоа не е да го измами купувачот.

На секое пакување  чипс стои тежината на производот, која треба да се прикаже во продавницата, а не големината на пакувањето. Тоа е во ред, но што е со воздухот во чипсот?

Пакувањето содржи гас – азот, кој овозможува производот подолго да остане свеж. Чипсот го прави крцкав. Имајте предвид, кога пакувањето ќе се отвори, дури и добро да се држи затворено, чипсот со текот на времето ја губи својата крцкавост и вкусот. Постои уште една причина зошто не се продаваат пакувања до врв исполенти со чипс. Овој дополнителен простор исполнет со гас има заштитна функција која спречува кршење и дробење на производот во текот на транспортот. Во пакетот да е само чипсот, лесно може да се распадне. А високата содржина на гасот делува како заштитен слој.

Во 1994. година откриено е дека азотот не само што ја продолжува свежината на чипсот, туку влијае и на вкусот. Таквата употреба на овој гас е целосно безбедна за луѓето, така што нема потреба од загриженост.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk