Зои Кравиц позираше без шминка за насловната страница на Харперс базар

Ѕвездата на серијата „Мали лаги“ и ќерка на познатиот Лени Кравиц е главната ѕвезда на октомвриското издание на американскиот „Харперс базар“.


Како дел од новиот број на списанието Харперс базар, 29-годишната Зои Кравиц ја интервјуираше актерката и колешка од хит серијата „Мали лаги”, Рис Витерспун.

На насловната страница на списанието и во голем моден едиторијал со интервју, убавата Зои Кравиц позираше пред фотообјективот на Камил Акранс,  без шминка и облечена во раскошни креации од високата мода.

По низа реномирани улоги во серии и филмови, Зои Кравиц сега го промовира филмот „Прекрасни ѕверови: Гринвалдовите злосторства”, според делото на познатата британска писателка Џ. К. Роулинг, автор на серијалот за волшебникот Хари Потер.

Филмот ќе биде прикажан во кината во светот на 16 ноември.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари