Знаете дека може да ви пропаднат забите додека спиете?

Проблемите со дишење умеат да ни пречат на разни начини, но во текот на ноќта, додека спиеме, може да предизвика и пропаѓање на забите. Еве и како.Познато е дека многу навики кои ги практикуваме го загрозуваат нашето здравје, па и здравјето на нашите заби, меѓутоа, вистинско изненадување е што тоа може да се случи и за време на спиење.
Луѓето кои спијат со отворена уста, односно, односно дишат на уста додека спијат, со тоа сериозно го нарушуваат здравјето на своите заби, бидејќи се менува киселоста во устата поради отсуство на плунка, пишува Дејли Меил.


Секој кој диши на уста во текот на ноќта во потполност ја суши усната шуплина и останува без плунка, особено во задниот дел во близина на грлото. Плунката, верувале или не претставува заштитен слој за нашите заби, во смисла да ја одржува рН вредноста на неутрално ниво.
Нормалната рН вредност во нашата уста е 7,7 што е прилично неутрално, односно не е ни базно ни кисело. Меѓутоа ако ја исушите устата, а тоа се случува за време на ноќта ако на неа дишите, рН вредноста се менува до 6,6 што е кисела средина, во која забите забрзано пропаѓаат.
Откако забарите забележале дека луѓето кои имаат нарушување во дишењето, имаат и поголем процент на кариес од оние кои дишат нормално, решиле да видат во што е работата. Опсервациите на забарите потврдиле и пронашле дека проблемот е во сушењето на усната шуплина.
Тоа што е особено интересно е тоа дека скоро третина од мажите спијат со отворена уста, во однос на само 5 проценти од жените кои го имаат овој проблем.

Поврзани

Најнови вести

Коментари