logo
logo
logo

Знаците и љубовта: Кој колку е посветен?!

Vecer | 01.05.2021

Знаците и љубовта: Кој колку е посветен?!

Природата на елементите кои владеат со нашиот знак во голема мера го одредуваат нашиот однос кон врската. Погледнете кои хороскопски знаци се најпосветени на љубовта, а на кои пак не им одговараат долгите врски.

Овен

Родените во знакот на oвен се заљубуваат брзо и страсно, дури премногу рано ја носат одлуката околу посветеноста, а потоа се борат со одлуките и бегаат, а сето тоа некогаш може да трае со месеци. Најголем дел од времето го поминуваат во правење проценки и повторни средби со старите љубови. Притоа се обидуваат да ја оживеат страста во љубовта, а потоа пресметуваат како се чувствуваат и дали ќе се закитат со повторна врска. Ако не успеат да ја оживеат старата, најчесто бараат нова љубов.

Бик

Кога еднаш ќе ја запознаат личноста, веднаш се врзуваат и најчесто остануваат со неа до крајот на животот, поточно додека функционира сексуалниот живот. Ако ја снема страста или ако едноставно исчезне интересот за секс, ќе побараат возбуда на друго место и тоа најчесто зад грб. Измама никогаш не признаваат, а иако понекогаш се неверни со сигурност нема да ве остават.

Близнаци

Близнаците и покрај сите клишеа се многу верни и никогаш не ја оставаат саканата личност. Често се случува да ги тестираат љубените, за да видат колкава доза љубомора можат да предизвикаат. Може да се случи дури и да ги измачуваат флертувајќи со што е можно повеќе луѓе. Само од таа причина често остануваат сами и оставени кога се во прашање личностите кои не можат да го поднесат лутањето на погледите на bлизнаците или заведувањето на женските припадници на знакот. Единствен начин да ги смирите и да го задржите нивниот интерес е да се потрудите да ги направите љубоморни.

Рак

Овој знак најмногу сака да и се предаде на една личност. Не сака љубовни игри и проблеми кои можат да донесат каков било сомнеж или несигурност. Сепак, можат да бидат многу љубоморни и несигурни, што често е одбивно за луѓето кои се заљубени во нив. Не треба да се грижите дали родените во овој знак ќе ви бидат верни или не, кога еднаш ќе се венчате со нив, rакот е ваш засекогаш.

Лав

Лавовите се прилично внимателни пред да се заљубат. Можат да поминат и недели пред љубовта да процвета, бидејќи овој знак обожава игри и заведувања. Кога еднаш ќе ја почувствуваат љубовта, најчесто се многу страствени и посветени, но само година-две. Луѓето родени во знакот на лав имаат немирно срце и немаат многу врски кои траат повеќе од една година.

Девица

Овој тврдоглав, практичен знак сака кратки флертови со малку секс. Многу девици кои се во брак многу ретко консумираат сексуални односи, па така со години, посебно жените, ќе замижат пред изневерувањата на партнерот. Додека во игра е материјалната добивка и сигурноста, како и угледот кај пријателите, врските на девиците ќе траат долго.

Вага

Вагите се многу верни. Најчесто имаат долги врски зашто, пред се, се посветени пријатели. Сепак, ако се изладат од партнерот и се запалат по друга личност, несигурноста и изневерувањето можат да ја уништат врската. Врската со родените во знакот на вага ќе трае се додека ги држите заинтересирани во кревет и додека сте расположени да им подарувате големо внимание.

Скорпија

Луѓето родени во знакот на скорпија се меѓу најверните знаци во зодијакот. Исто така, се едни од најпривлечните и најхаризматичните, па нивниот партнер мора да се бори со секојдневните конкуренти. Тоа им создава голема несигурност, заради што врските често завршуваат неславно.

Стрелец

Ова е неодлучен знак кој има проблеми со посветеноста кон една личност. Кога долго време се на едно место или во иста врска, стануваат немирни. Ако сакате вашата врска со стрелецот да трае со години, морате да им дадете доволно слобода. Можеби дури ќе морате да поминете и преку повремено изневерување зашто на стрелците не е тешко да им се одвлече вниманието, барем во сексуална смисла.

Јарец

Јарецот е многу традиционален знак кој очекува долготрајно додворување и не многу секс пред бракот. Родените во овој знак очекуваат целосна верност и тоа ако еднаш ја постигнат или добијат, остануваат со партнерот долго време. Сексот и децата претставуваат најважна работа со која можете да ги задржите, изневерувањето за нив значи крај на врската.

Водолија

Родените во знакот на водолија имаат голем проблем да останат во врска подолго од два дена. Исто така, не се премногу сексуални. Може да им се случи една личност максимално да ги фасцинира и да ги импресионира, но потоа често одеднаш губат интерес. Најдобра шанса да поминете неколку години со водолија е да го стимулирате нивниот интелект за никогаш да не му биде досадно. Би било добро да сте љубители на патувањата.

Риби

Рибите се еден од најверните и најпосветените зодијачки знаци. Тие сакаат врски кои ќе траат цел живот. Тоа е најморалниот знак, измамите не им се силна страна, но тоа никогаш нема да му го признаат на партнерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk