logo
logo
logo

Злоставувал патничка додека спиела во авион, ќе добие две години затвор

Vecer | 22.01.2022

Злоставувал патничка додека спиела во авион, ќе добие две години затвор

Иван Лопез е уапсен откако авионот од Лас Вегас до Вашингтон слетал на аеродромот.

Иван Лопез чекал жената чие име не се соопштува да заспие, а потоа се наведнал на седиштето и почнал да и` ја трие десната града. Таа се разбудила и викала, а тој станал од седиштето и избегал во задниот дел од авионот, каде што на стјуардесата и` признал што направил.

Тој бил уапсен и обвинет за сексуален напад во авион за време на летот, за што му се заканува казна затвор од две години.

Лопез им кажал на агентите на ФБИ кои го испрашувале дека тој само сакал да го привлече нејзиното внимание прашувајќи ја каква музика слуша преку слушалките.

Меѓутоа, жената на агентите им кажала дека „случајниот“ физички контакт траел подолго од десет секунди, објавија маериканските медиуми..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk