logo
logo
logo

ДАЛИ ПОСТОИ ЖИВОТ ПОСЛЕ СМРТТА - Што вели науката

Vecer | 24.02.2021

ДАЛИ ПОСТОИ ЖИВОТ ПОСЛЕ СМРТТА - Што вели науката

Дали има живот после смртта? Научник реши да одговори на ова вековно прашање, кое крева мистериозна магла за натприродното.

Кој е резултатот според него? Не, ниту пекол, ниту рај, ниту реинкарнација, ниту Свети Петар не чека со црна книга во која се запишани вашите гревови. Заклучоците на космологот и физичар Шон Керол не се толку изненадувачки. Тој тврди дека животот по смртта едноставно не е физички возможен, пишува порталот Унилад.

Керол е професор на Калифорнискиот институт за технологија и го тврди своето тврдење повикувајќи се на науката.

Според него ние едноставно не сме опремени за живот после смртта.

Своето тврдење го заснова на теоријата на квантното поле, во која многу едноставно се наведува дека постои едно поле за секој вид честички, без разлика дали станува збор за фотон, електрон или што било друго.

- Теоријата дека некој вид на свест ќе преживее дури и по смртта и распаѓањето на нашето тело во атоми се соочува со една голема пречка. Законите на физиката што го придружуваат нашиот секојдневен живот се добро познати и разбрани. И во рамките на тие закони, апсолутно е невозможно, рече Керол.

Додава дека не постојат „духовни честички“ или „духовни сили“ што можат да ја одделат свеста од човечкото тело.

Ако светот навистина се состои само од атоми и познати сили, апсолутно нема шанси душата да ја преживее смртта на телото. Значи, според Керол, ако сакаме да веруваме во живот после смртта, потребни ни се физички закони надвор од стандардниот модел кој се користи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk