logo
logo
logo

Еко комуна

Животот во Серенби, изолираната еко комуна

Vecer | 29.04.2021

Животот во Серенби, изолираната еко комуна

Серенби е еко комуна скриена меѓу четиристотини хектари на шумско подрачје јужно од Атланта во Соединетите Американски Држави. Заедницата е создадена пред околу 15 години според дизајнот на др. Филип Таба и идеите на брачниот пар Нигрин кој живее во неа.

Основната идеја е живот без стрес и без грижи, односно според принципите по кои живееле нашите претци. Членовите живеат во склад со природата, јадат исклучиво органска храна која се одгледува на локалните фарми, а на располагање имаат и три гурмснски ресторани.

Домовите ги греат и ладат со помош на геотермални топлински пумпи, а големо внимание посветуваат на своето здравје и физичката активност. Жителите на Серенби работат во градините, јаваат коњи и секаде каде што можат одат пешки.

Во комуната има најразлични содржини: велнес – спа центар со студио за јога и пилатес, а на располагање имаат и заеднички голем базен.

Во Серенби најважнни се: љубовта кон природата, страста спрема животот и заедницата, како и креативноста. Комуната ја поттикнува и креативноста на своите жители и редовно организира уметнички предавања и изложби, прикажување на филмови за своите членови, како и за нивните гости.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk