logo
logo
logo

ПРОКОЛНАТА ПЕЈАЧКА

ЖИВОТ ПОМОРБИДЕН И ОД ХОРОР ФИЛМ! Пораснала во бордел, ја обвиниле за убиство, ги закопала сите што ги сакала

Vecer | 29.06.2022

ЖИВОТ ПОМОРБИДЕН И ОД ХОРОР ФИЛМ! Пораснала во бордел, ја обвиниле за убиство, ги закопала сите што ги сакала

Приказна за успех, харизма, но и тежок животен пат. Сето тоа е дел од животот на Едит Пјаф, легендарна шансониерка родена во Париз пред 103 години. Таа почина пред точно 56 години, прерано си замина, но нејзината трага останува до денес.

Нејзината голема кариера и животен пат беше полн со лични трагедии. За оваа позната Французинка, родена на крајот на 1915 година во Париз, пишувале бројни биографи. Мајка и ја оставила по породувањето, а татко и отишол во војна, па баба и ја воспитувала.

И таа не била „обична“ баба. Нејзината баба била позната „мадам“, па Едит го поминала детството во бордел, каде за неа главно се грижеле куртизани. Бројни подоцнежни автори за животот на Едит Пјаф тврдеа дека растењето во таква средина имало големо влијание врз нејзиниот поглед на животот и односите со мажите. Наводно мислела дека мажот кој кани жена да излезе - жената не смее да одбие.

 

Edit Pjaf

 

Пораснала во бордел, а подоцна пеела на улица за да заработи за ручек

Кога имала само 14 години, Едит му се придружила на својот татко - патувачки акробат, а во исто време пеела на улица за пари. Во тие нежни години и се случила првата љубов, онаа со Луис Дипон во кој беше многу вљубена. Врската резултирала и со дете, ќерката Марсел, која починала од менингитис кога имала само 2 години.

Така многу рано, Едит ја почувствувала сета болка и трагедија на животот. Но, зад аголот ја чекаше огромна популарност и успех. Стекнала голема популарност во 1935 година кога на улиците на Париз ја открил сопственикот на ноќниот клуб „Le Gerny's“. Ја поттикнал да пее во неговиот клуб, а и го дал уметничкото име - La Mome Piaf - Врапче, сето тоа поради нејзината кревка висина.

 

 

Edit Pjaf

 

Љубовта на нејзиниот живот ја одзеде трагична несреќа

Настапите во клубот и донесоа договор за снимање албум и се чинеше дека успехот е при рака, но набрзо сопственикот на споменатиот клуб беше пронајден мртов, а Едит се најде на списокот на осомничени. Од вина ја ослободиле, но имиџот требаше да се врати.

Сепак, храбра, упорна и силна, таа успеа да ја спаси кариерата и да продолжи понатаму. Потоа го зела името Едит Пјаф, за да се оддалечи од сенките на минатото.

Имаше многу успех, настапуваше во театри, големи концертни сали и стана обожавана од публиката. Таа продолжи да пее за време на германската окупација, но го поддржуваше француското движење на отпорот и им помогна на еврејските уметници да избегнат прогон од нацистите.

Во пролетта 1944 година, Едит веќе настапуваше во престижниот Мулен Руж. Истата година, набргу потоа, и двајцата родители и починале, но тагата не ја спречи. Таа тогаш го напиша можеби нејзиниот најголем хит - „La Vie en rose“, кој денес се смета за класика за сите времиња.

 

Edit Pjaf

Наскоровлегува во врска со писателот Рејмонд Ас. Во љубовта немаше среќа, иако често менуваше партнери.

Освен во Франција, Едит доживеа голем успех и во САД. Тогаш ја запознала љубовта на својот живот - боксерот Марсел Сердан. За помалку од една година, љубовта цветаше, а потоа Марсел загина во авионска несреќа кога од Париз тргна за Њујорк кај својата сакана Едит.

Уметницата до крајот на животот живеела во верувањето дека го убила, бидејќи сакајќи што побрзо да ја види својата љубов, го убедувала боксерот да не патува со брод, туку со авион. Поради страшно чувство на вина, Едит развила зависност од морфиум.

Таа се омажи за пејачот Жак Пилс во 1952 година, Марлен Дитрих и беше кума на свадбата, но Сердан никогаш не го преболела.

 

Edit Pjaf, Teo Sarapo

 

Враќањето на „врапчето“

Големото враќање се случи во 1955 година, кога организираше концерт во париска Олимпија. Иако не беше сигурна дека ќе издржи да пее до крај, публиката совршената изведба ја награди со громогласен аплауз, а тој успех ја поттикна истата година да оди на уште една американска турнеја.

Иако се разведе во 1956 година, истата година влезе на страниците на историјата како прва поп-пејачка што настапила во њујоршката Карнеги Хол, престижна сала за класична музика.

Нејзиниот приватен живот остана бурен и во подоцнежните години - се заљубила во Гркот Жорж Мустакис, доживеала тешка сообраќајна несреќа која и ја нарушила и онака кревката здравствена состојба, ја зголемила нејзината зависност од морфиум... И така до 1959 година кога се онесвестила среде настап во Њујорк.

Потоа се враќа во родниот Париз. После низа несекојдневни концерти, нејзиното здравје значително се влошува, но не се откажува од музиката, ниту од мажите - се мажи за 20 години помладиот Тео Сарапу, млад и згоден пејач кој се грижеше за неа.

- Ги живееше своите песни. Секоја нејзина песна беше како приказна што и ја раскажа на публиката - изјави авторката на книгата „Последната љубов на Едит Пјаф“.

Последната песна што оваа славна дама ја сними е „L'Homme de Berlin“ во 1963 година.

 

Edit Pjaf

Заминувањето на дивата

Едит Пјаф почина во Грас на 10 октомври 1963 година, на 47-годишна возраст, од внатрешно крварење како резултат на рак на црниот дроб. Телото било прошверцувано во Париз, а нејзината смрт официјално била објавена дури следниот ден, 11 октомври.

Поради начинот на живот што го водела, католичката црква, и покрај нејзината вера, не одобрила верски погреб. Едит беше погребана на гробиштата Пере Лашез, а десетици илјади луѓе ја испратија до вечниот одмор додека одеа по улицата Лан до гробиштата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk