За среќа навистина не треба многу. Среќата е прашање на одлука и зависи од нашите одлуки, а секоја навистина среќна жена се води според овие правила.

  1. Партнерот не е гаранција за среќа

На среќната жена не и треба партнер за да биде задоволна, таа носи среќа од себе, задоволна е од себе и се сака себе си. Поразите и погрешните избори не ја спречуваат да продолжи со својата верба во љубовта.

  1. Храбро се соочува со сите предизвици во животот

Среќна жена може сама да се справи со сите проблеми и не и е потребна ничија помош. Таа е творец на сопствената судбина и не се плаши да ја покаже својата сила.

  1. Се чувствува добро во сопствена кожа

Честопати сме склони да гледаме први на недостатоци, наместо убавина. Се жалиме на мали гради, вишок килограми, искривени нозе … Следниот пат кога ќе застанете пред огледалото, обрнете внимание само на доблестите – тоа го прават сите среќни жени.

  1. Простување

Среќната жена не ги носи на душа товарите од минатото, простува грешки за себе и за другите.

  1. Сè во животот е само ваш избор

Не грижете се за работи на кои не можете да влијаете, но сè што е дел од вашиот живот, вие навистина може да влијаете на тоа. Изберете сами како ќе го живеете вашиот живот, без оглед на очекувањата од околината. Изберете да живеете среќно.

  1. Не се запоставува себеси и своите потреби

Прекрасно е да се има емпатија и љубов кон другите и тоа е една од најубавите работи во нашите животи, но не заборавајте се себе. Негувајте се и грижете се за вашиот ум, душа, тело … Ако немате љубов кон своето битие, како ќе имате за другите.