Девојките даваат страст, но за љубов и живот се бара повеќе

Жените се, сепак, најдобри по 40-та

1. Жената постара од 40 години никогаш нема да те разбуди во глуво доба од ноќта за да те праша: „За што размислуваш?". Воопшто не ја интересира тоа.

2. Кога жената постара од 40 години не сака да гледа натпревар, таа нема да седи до тебе и да кука. Таа ќе си најде друга работа, нешто што ја интересира. Најчесто тоа е нешто што е навистина поинтересно од натпреварот.

3. Жената постара од 40 години доволно се познава себеси за да знае која е, што е, што сака и од кого го сака тоа. Само мал број од жените над 40 години ги интересира што мислите за нив.

4. Жените постари од 40 години зрачат со достоинство. Ретко кога ќе ти направат сцена во ресторан, но ако си го заслужил тоа нема да се двоумат за тоа како да ти наплатат. Со годините, жената станува видовита.

5. На жената постара од 40 години не треба да и кажуваш што си направил – таа веќе знае.

6. Жената постара од 40 години, изгледа одлично кога ќе стави руменило, а тоа не е секогаш случај со помладите жени. Штом мажот ја добие првата брчка, за него жените над 40 се посекспипилни.

7. Постарите жени се поискусни и поотворени. Тие директно ти кажуваат дека се однесуваш како идиот. Со нив никогаш не треба да се прашуваш на што си.

Да, постојат многу причини зошто ги почитувам жените постари од 40 години.

На секоја прекрасна, интелигентна, секси жена постара од 40 години, доаѓа по еден „остаток од нешто" – дебел стомак во жолт шорц, кој поради 20-годишна келнерка прави мајмун од себе!

Поврзани

Најнови вести

Коментари