logo
logo
logo

Жените полесно ги поднесуваат болестите од мажите - ЕВЕ ЗОШТО Е ТОА ТАКА

Vecer | 01.02.2021

Жените полесно ги поднесуваат болестите од мажите - ЕВЕ ЗОШТО Е ТОА ТАКА

Жените имаат посилен и поагресивен имунитет од мажите, и покрај тоа, вакцините и бројните лекови имаат подобар ефект врз нив, тврди професорот Питер Џонсон од британскиот институт за истражување на рак.

Според неодамнешното истражување на Универзитетот во Лидс, мажите умираат почесто од малигнен меланом отколку жените. Експертите веруваат дека причината е тестостеронот, т.н. машкиот хормон.

Имунолошкиот систем кај мажите послабо се брани од клетките на ракот и не успева да го запре нивното ширење во телото, што може да биде причина мажите почесто да умираат од меланом.

- Малигниот меланом е поврзан со имунитетот, а еден од главните виновници е машкиот полов хормон, тестостерон. Поради него, мажите имаат повеќе влакна, поквадратеста брада, но и послаб имунитет - објаснува професорот Џонсон.

[caption id="attachment_801193" align="alignnone" width="650"] Young man suffering from cold at his home[/caption]

Во студии на животни, научниците го блокирале дејството на тестостеронот и откриле дека оваа постапка го забрзува обновувањето на имунитетот по хемотерапија.

Од друга страна, посилниот имунитет кај жените е поврзан со нивната поголема подложност на автоимуни болести. Затоа, жените многу почесто страдаат од хронични болести како што се дијабетес тип 1, мултиплекс склероза, автоимуни заболувања на тироидната жлезда и ревматоиден артритис.

Како тестостеронот се меша со имунитетот не е разјаснето, но научниците веруваат дека ова откритие може да им помогне да создадат поефикасни терапии за мажи. Покрај тоа, беше заклучено дека тестостеронот игра голема улога во фактот дека жените подобро толерираат инфекции како што е грипот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk