logo
logo
logo

ЖЕНИТЕ НА ХИТЛЕР: Сурови, опасни и лојални до смрт, а една од нив била најбрутална!

Vecer | 19.09.2021

ЖЕНИТЕ НА ХИТЛЕР: Сурови, опасни и лојални до смрт, а една од нив била најбрутална!

Во концентрационите логори во Втората светска војна, Нацистите неретко за надзорници поставувале жени. Тие морале да имаат две клучни особини – да бидат немилосрдни и безрезервно лојални на нацистичката идеологија.

Марија Мандл која ја вршела функцијата надзорничка на женски логор, за време на судењето по завршувањето на војната изјавила: „Во тој логор немаше апсолутно ништо лошо“.

Таа била една од најсуровите меѓу 3,300-те жени кои во Равенсбрик ја поминале обуката за бруталната работа која подоцна ја вршеле.

Мандл после три години, од Равенсбрик била преместена во најозлогласениот концентрационен логор од времето на Втората светска војна – Аушвиц. Таму основала оркестар кој со музика го следел транспортирањето на затворениците на погубување, а по војната била погубена поради своите ѕверства.

Нацистите на надзорничките им давале добри плати, а работата ја огласувале дури и во весниците.

„Се бараат здрави женски лица за воена служба на возраст од 20 до 40 години. Плата по скалата на примањата на државни службеници. Бесплатен стан, храна и облека (униформа)“.

Многу жени се јавиле поради одличните услови, а една од нив била и Валтраут Г. која отворено признала: „Не размислував долго. Помислив, добро, ако веќе ќе заработувам таму, ќе одам“.

Исто така и Ана Г. призна дека веднаш се пријавила на огласот затоа што работата во концентрационен логор едноставно ѝ се чинела „поатрактивна од глупавото работење на фабричка лента“.

Тоа што за жал е симптоматично е фактот што мал број на овие жени одговарале за своите ѕверства. Имало само 77 судски процеси за надзорничките на Хитлер, а смртна пресуда ѝ била изречена само на Марија Мандл.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk