logo
logo
logo

ЖЕНИТЕ БЕСНИ ПОРАДИ ОВАА ОДЛУКА: Тој е прогласен за најсексапилен ќелав маж на светот

Vecer | 28.03.2021

ЖЕНИТЕ БЕСНИ ПОРАДИ ОВАА ОДЛУКА: Тој е прогласен за најсексапилен ќелав маж на светот

Британскиот принц Вилијам е прогласен за најсексапилен ќелав маж на светот.

И луѓето на интернет не се задоволни за победникот.

Принцот Вилијам ја доби титулата според изборот на британскиот таблоид „Сан“, кој се водеше од следната логика во тоа истражување – анализирале написи и пребарувања на Гугл и ги барале оние што го содржеле клучниот збор „секси“.

Така, тие дојдоа до резултатот дека принцот Вилијам покрај тој збор се појавува во 17,6 милиони такви записи. Истражувањето е иницирано од хируршката група наречена „Лонгевита“, која се занимава, малку иронично, со трансплантација на коса.

[caption id="attachment_846241" align="alignnone" width="2000"] Освен принцот Вилијам, во топ пет најсексапилни ќелави мажи на светот се најдоа, по овој редослед, Мајк Тајсон, Џејсон Статам, Питбул и Мајкл Џордан. Во топ 10 се и Флојд Мејведер, Џон Траволта, Брус Вилис, Двејн Џонсон и Вин Дизел.[/caption]

Меѓутоа, екипата на социјалните мрежи веднаш го изрази своето незадоволство од овој избор.

„Стенли Тучи, ќе ти се одмаздиме“, напишаа бројни твитерџии убедени дека оваа титула требаше да му биде доделена на актерот Стенли Тучи, ѕвездата на филмот „Ѓаволот носи Прада“.

Некои дури напишале и списоци на мажи кои се посексапилни од принцот Вилијам, а ова се само некои од реакциите на изборот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk