Таа видела нешто необично покрај седиштето, поточно покрај ѕидот од авионот и решила да ја вклучи камерата. За кратко време објавата стана вирална и „собра“ повеќе од 1,2 милиони прегледи.
Жителот на Тампа, кој седел во редот 28, ја преместил камерата надесно и покажал пар вештачки трепки, залепени за ѕидот од авионот!
@g_buser :/ #flight #airplane #fyp ♬ Chopin Nocturne No. 2 Piano Mono - moshimo sound design
Гледачите ја гледале бизарната сцена и се обиделе да најдат логично објаснување, пишува Њујорк пост.
„Псссст, тишина. Авионот спие“, се пошегува едно лице, а друго додава: „Ново ниво на безгрижност“.
„Ова значи дека повеќе не ги чистат авионите меѓу летовите“, критички заклучува трето лице.
Повеќето од гледачите се прашуваа дали трепките се залепиле за време на спиењето или сопственикот ги ставил таму на кратко, а потоа ги заборавил.
Прашањето останува неодговорено, а некои не се изненадени ако патничката по негата на кожата заборавила на своите „додатоци“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата