logo
logo
logo

Жена му објавила штрајк на мажот: Престанав да чистам по дома и еве што се случи (ФОТО)

Vecer | 24.03.2021

Жена му објавила штрајк на мажот: Престанав да чистам по дома и еве што се случи (ФОТО)

Многумина мајки би посакале недела дена пауза од домашните обврски. Но не секоја има таква можност.

Па така, една мајка сакала да знае како ќе реагира нејзиното семејство кога таа ќе престане да ги извршува сите домашни работи. Резултатите воопшто не ја воодушевија.

- Пред два дена решив да престанам да мијам садови. Ги подготвувам сите вечери и ми е доста од чистење. Оттогаш, овој куп се појави и во одреден момент ќе останеме без лажици, чаши и чинии - напиша мајката која на Твитер се претставува под прекарот Мис Поткин.

- Кој прв ќе се откаже? Јас не - додаде таа.

На третиот ден од штрајкот, таа откри дека семејството го користело последниот сад и лажица и дека никој не кажал ниту збор, па дури ни помислил да ја допре машината за миење садови.

Сепак, малку подоцна тој ден некој ја испразнил корпата за отпадоци и така оваа мајка ја оствари својата прва победа. За жал, напредокот траел кратко, бидејќи нејзиниот партнер подоцна направил чаша чај користејќи „лажица за одвикнување од бебе“.

Таа додаде дека престанала да ги пере алиштата и покажа купишта неиспрана облека што почнала да се натрупува.

- Почна да изгледа како да сме преживеале апокалипса. Последната ролна тоалетна хартија беше искористена синоќа во 19:04 часот. Сè уште не е заменета. Тој тоалет сега не е во функција за сите што паметат дека нема хартија - напиша таа во еден пост.

Таа исто така рече дека сметала дека целата надеж е изгубена и дека ќе мора да се откаже од штрајкот, но тогаш се случило чудо. Еден член на нејзиното семејство, по четири дена, сфатил колку е тешко да се мијат садовите секој ден и започнал да ги става во машината за перење и да ја чисти кујната.

- Некој конечно започна да ги става садовите во машината за миење садови. И, тоа почна да се случува - додаде таа со задоволство за крајот, а пишува Unilad.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk