logo
logo
logo

Зетот ја згреши црквата, ЗА МАЛКУ НЕ СЕ ОЖЕНИ СО ДРУГА НЕВЕСТА (ВИДЕО)

Vecer | 21.04.2021

Зетот ја згреши црквата, ЗА МАЛКУ НЕ СЕ ОЖЕНИ СО ДРУГА НЕВЕСТА (ВИДЕО)

Младоженец од Индонезија за малку ќе земеше погрешна невеста за жена. Тој ја згрешил црквата а за тоа ја обвини навигацијата.

Имено тие преку мапите на Гугл ја испратиле локацијата за да можат сите гости да бидат на местото на церемонијата, но иако невестата тврди дека ја испратиле точната локација, сепак настанал проблем.

И тоа проблемот можеше да биде најголем за неа, бидејќи ќе останеше без младоженец.

Видеото на кое младоженецот ја напушти погрешната венчавка наскоро стана вирално, но, и покрај тоа недоразбирање, сè заврши добро.

Подоцна успеа да ја најде црквата на вистинската адреса и неговата идна сопруга, а невестата му го кажа судбоносно „да“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk