logo
logo
logo

Земјотрес во 2011 запре часовник, ЗЕМЈОТРЕС ОД 2020 ГО ПРОРАБОТИ

Vecer | 15.04.2021

Земјотрес во 2011 запре часовник, ЗЕМЈОТРЕС ОД 2020 ГО ПРОРАБОТИ

Часовник стар сто години, поставен во будистички храм, започна да работи повторно по земјотресот кој што ја погоди Јапонија.

Часовникот кој е стар еден век престана да работи по земјотресот што се случи во 2011 година, но повторно започна да работи по земјотресот што се случија оваа година.

Поради разорниот земјотрес и цунамито во кое загинаа повеќе од 18 000 луѓе, часовникот остана затрпан во будистички храм.

Сопственикот на часовникот, Бунчун Сакано, не успеа да го поправи.

Но, една деценија подоцна, се случи нов земјотрес, па часовникот повторно почна да работи ... Јапонскиот весник Маиничи Шимбун пишува дека часовникот се наоѓа во храмот Фумонџи во Јамамото, во регионот Мијаги.

Мијаги и соседната Фукушима беа сериозно погодени од земјотрес и цунами во 2011 година.

На 11 март 2011 година, разорните бранови на цунамито го погодија храмот, кој се наоѓа на неколку стотици метри од брегот. После катастрофата, Сакано, главниот свештеник на храмот, го извади часовникот од урнатините.

Тој го навил, но не часовникот не работел.

Неколку недели пред годишнината од катастрофата, на 13 февруари оваа година, истиот регион беше погоден од нов разорен земјотрес.

Метеоролозите сметаат дека овој земјотрес бил последователен шок од земјотресот во 2011 година. Следното утро, Сакано проверувал дали има нови оштетувања во главната сала, а потоа го слушнал часовникот како отчукува и видел дека стрелките се движат.

Два месеци подоцна, часовникот сè уште работи.

Часовникот е купен во продавница за антиквитети во близина на Фукушима неколку години пред земјотресот во 2011 година.

„Можно е нишалото, кое запрело, да започнало повторно да се движи поради трепет предизвикан од земјотресот или да се спуштил правот што се собрал во него“, вели претставникот на производителот на часовници Сеико.

Сакано, чиј храм служеше како база за волонтери по земјотресот, вели дека часовникот го инспирирал.

„Можеби тоа ме охрабрува да одам напред и да станам порешителен. Знак за охрабрување е дека вистинското обновување штотуку започнува“, рече Сакано.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk