logo
logo
logo

ЗДРАВ ПОЈАДОК кој топи масни наслаги

Vecer | 17.05.2022

ЗДРАВ ПОЈАДОК кој топи масни наслаги

„Појадокот е најважниот оброк“ мантра која ја повторува секој нутриционист и има смисла, особено ако сакате да ослабете пред лето. Зашто, доколку во првиот час по будењето не внесете „гориво“ во организмот, постои поголем ризик да посегнете по намирници кои брзо го подигнуваат шеќерот и истовремено го поттикнуваат апетитот.

Потребни состојки:

  • 100 мл грчки јогурт
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 20 г мелен сиров сончоглед
  • 20 г мелени сирови семки од тиква
  • 20 г мелен лен
  • лажичка рогач
  • малку цимет
  • овошје по желба
  • лажица кокосово масло
  • мед (по желба)

Начин на приготвување: Во сад истурете ги мелените семки од сончоглед, тиквата и ленот, додадете овесни снегулки, грчки јогурт, рогач и цимет и исечкајте ги јагодите, бананите или другото овошје по желба. Добро промешајте, оставете десетина минути, па додадете една лажица растопено кокосово масло и малку мед.

Овесните снегулки спаѓаат во бавноразградливи јаглехидрати, а во комбинација со есенцијалните масни киселини од ленот, сончогледот и тиквата, ќе ве држат сити долго време. Покрај тоа, циметот и рогачот како природни засладувачи нема да влијаат на наглиот скок на нивото на гликоза во крвта, а една лажичка кокосово масло и мед ќе го стимулираат варењето, а, исто така, ќе влијаат на убавината на кожата и косата. Овошните влакна ќе бидат корисни и за здравјето на цревата.

Ако појадувате секое утро, барем еден месец по ред, ќе забележите дека вашата гардероба е поудобна, кожата поубава, а стомакот порамен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk