ЗАСТРАШУВАЧКИ ФАКТИ: Глобалното затоплување ќе ослободи опасни вируси стари по неколку илјади години...

Топењето на пермафростот веќе сега го отежнува постигнувањето на целите зацртани со Парискиот договор за глобалното загревање да се ограничи на помалку од 1,5 степени Целзиусови.

Глобалното затоплување предизвикува топење на пермафростот и тој процес се заканува со ослободување на милијарди тони штетни гасови во атмосферата, но и вируси кои се заборавени веќе илјадници години и можат да претставуваат закана за човештвото.

Пермафростот е трајно замрзнато и покрива околу 25% од Земјата во северната хемисфера, претежно во Русија, Канада и Аљаска. Таквото тло се состои од големи маси на чист мраз, а дебелината се движи од неколку до стотици метри.

Во тие слоеви има околу 1700 милијарди тони јаглеород диоксид, што е од прилика двојна количина од јаглеородот диоксид кој што веќе е присутен во атмосферата. Со растот на глобалната температура се загрева и пермафростот и се топи, со што се ослободувааат „заробените" штетни гасови, а научниците предвидуваат дека таа појава ќе се забрза.

До 2100-та година површината на пермафростот во најдобро сценарио би се намалила за 30% со што би биле ослободени до 160 милијарди тони штетни гасови во атмосферата, предупреди во 2015-та година научничката Сузан Натали од истражувачкиот центар "Woods Hole Research Center".

Освен тоа што штетните гасови уште повеќе ќе го забрзаат процесот на глобалното затоплување, топењето на мразот ќе ослободи заборавени бактерии и вируси кои што биле замрзнати и во иднина би можеле да претставуваат голема опасност по човештвото.

Во 2016-та година едно дете на Сибир починало од антракс, болест која што се сметала за искоренета во тој регион повеќе од 75 години. Научниците откриле дека причината за болеста е најверојатно топењето на мразот, по што се ослободила смртоносната бактерија и најпрвин ги заразила животните, а потоа и детето.

Сепак, заканата не е ограничена само на антраксот. Научниците во последните неколку години открија два типа на големи вируси, од кои едниот од нив е стар дури 30 илјади години и „чуван" во пермафростот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари