Заштитете се од сонцето

Во летниот период лесно се заборава на кожата. Особено кога вие сте на плажа или на базен или пак спортувате на отворено, најчесто премачкување...

...со млеко за сончање е последната работа која ви поминува низ паметот.

Но, сепак здравјето на кожата е нешто на што дефинитивно треба многу да се внимава.

Сончев фактор на заштита(SPF)

Одберете го вашиот степен на сончев фактор на заштита претпазливо, SPF одлучува колку време можете да седите со на сонце со едно премачкување.

На пример со SPF од 15 вие можете да седите на сонце 15 пати повеќе од нормално, Иако користењето на SPF од 15 е добар почеток, вие треба да користите SPF од 30 доколку планирате да останите подолго време на сонце.

Екстра заштита

Ако сте со мека кожа, имате руса или црвена коса и сини или зелени очи, вие сте на поголем ризик за сончево оштетување.

Млеко за сончање е само почеток, но вие треба да користите додатни средства ако планирате да излегувате на силно сонце:

Не се изложувајте на сонце помеѓу 10 и 16 часот.
Носете капа со широка стреа за заштита на лицето и очите.
Никогаш не излегувајте од дома без наочари, купете наочари со 100% УВ заштита.
Дејстувајте на секоја промена

Доколку забележите промена во кожата како нови меурчиња или делови од кожата кои се груби, веднаш закажете на доктор.

Поврзани

Најнови вести

Коментари