Шминкерот Џордан Парк (24) од Манчестер, кој помина низ низа болни процедури за да личи на Ким Кардашијан, моментално се наоѓа во болница поради инфекција која му ја зафатила десната страна на задникот, кој го оперирал за да личи на Ким кардашијан.

„Кралот на козметичките операции“ на Инстаграм напиша дека лекарите му ја исчистиле раната, но дека инфекцијата не стивнува иако земал антибиотици.

„Температурата ми варира, поради што не се чувствувам најдобро. Не знам колку долго ќе останам во болница, но ви благодарам на сите за убавите пораки”, објави Парк.

Неговата опсесија со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан датира од 2007 година, кога тој започна да ја гледа нејзината ТВ-емисија „Keeping up with the Kardashians“.

Во текот на последните четири години, Парк претрпе голем број интервенции – полнила за усни, брада и задник, тетовирање на ботокс и веѓи, поради што повремено имаше осип, отоци и гнојни рани.

Откако започна процесот на претворање во Ким Кардашијан, неговото тело повеќе пати одбиваше да прифаќа импланти, а неговата опсесија неколкупати речиси го доведуваше до смрт.

„Апсолутно сакам сè во врска со Ким Кардашијан. За мене, таа е најубавата жена на сите времиња. Нејзината кожа е совршена, косата е совршена – сè што е на неа е совршено. Нема никој на кој попрво би изгледал”, рече тој.