logo
logo
logo

ВАКА МУ ПОЧНУВА ДЕНОТ

Заради овие намирници кои му го регенерираат телото ЃОКОВИЌ верува дека е здрав како дрен

Vecer | 03.06.2023

Заради овие намирници кои му го регенерираат телото ЃОКОВИЌ верува дека е здрав како дрен

Новак Ѓоковиќ со години доминира во светскиот тенис, а за тоа, како што самиот има изјавено, виновна е и храната што ја јаде. Благодарение на одреден режим, тој е полн со моќ и лесно ги поместува границите. Но, колку е едноставно да се спроведе неговиот план?

Веќе е познато дека тој го отстранил глутенот од исхраната, заедно со млечните производи, шеќерот и црвеното месо. Во текот на денот пие многу вода, а утрото го започнува со чаша млака вода со лимон за детоксикација.

Експертите велат дека топлата вода со лимон наутро на празен стомак има многу добри страни, на пример:

- Го подобрува варењето

- Поттикнува губење на тежината

- Го освежува вашиот здив

- Моќен диуретик

- Ја чисти кожата

0 Ја воспоставува pH рамнотежата на организмот

- Дава енергија и влијае на подобро расположението

Новак во едно интервју откри дека наутро пие и сок од целер на празен стомак, а потоа зелено смути со различни алги, овошје и други додатоци во исхраната.

 

Novak Đoković

 

Во првиот дел од денот јаде многу овошје и салати, избегнува храна на која и треба долго време да се свари, па наутро јаде житарки, киноа, див ориз, просо, компири на пареа.

Ѓоковиќ применувал и автофагија, велејќи дека не јаде 16 часа дневно, а најмногу се придржува до одредени правила на исхрана според кои е создадено „шампионското мени“. Доволно е само еден поглед на тоа мени за многумина да помислат дека никогаш не би можеле да живеат така.

Новак Ѓоковиќ обично го завршува денот со авокадо, кое е одличен извор на здрави хранливи материи и содржи повеќе од 20 витамини и минерали во секој оброк. Еден плод од авокадо содржи (препорачани дневни вредности):

33 % витамин Ц

26 % витамин Б6

21 % витамин Е

28 % Патотенска киселина

19 % бакар

28 % калиум

53 % витамин К

41 % фолна киселина

Може да се комбинира на различни начини во исхраната, а на организмот му носи бројни придобивки

Ја подобрува апсорпцијата

Дали знаевте дека кога станува збор за витамините и минералите, не е навистина важно колку или како ги јадеме. Начинот на кој се апсорбираат витамините, минералите и хранливите материи е многу важен за нас и нашето здравје. Некои витамини и хранливи материи се растворливи во масти. Тоа значи дека тие треба да се комбинираат со масти за да се апсорбираат во нашиот организам. На пример, витаминот А, витаминот Д, витаминот Е и витаминот К се хранливи материи растворливи во масти, заедно со некои други антиоксиданси. Додадете ½ авокадо во салата од спанаќ, зелена салата и моркови и вашето тело ќе ги апсорбира антиоксидантите:

Алфа-каротен - 8,3 пати подобро

Бета-каротин – 13,6 пати подобро

Лутеин – 4,3 пати подобро

 

maska za lice, maska, maska od avokada, avokado

Добар во борбата против дијабетесот

Неодамнешната статистика спроведена од ЦДЦП (Центарот за контрола и превенција на болести) процени дека дијабетесот влијае на скоро 40 % од американската популација во одреден момент од нивниот живот. Затоа е многу важно да се одржи ниско ниво на шеќер во крвта за да се намали ризикот од развој на дијабетес. Во една неодамнешна студија, учесниците јаделе ½ авокадо за време на ручекот и им биле мерени нивото на шеќер во крвта и инсулинот во одредено време. Иако јаделе ½ од авокадо и на тој начин го зголемиле внесот на калории и јаглени хидрати, учесниците кои јаделе авокадо немале зголемен шеќер во крвта, во споредба со оние кои не јаделе авокадо за ручек.

Ја ублажува болката

Поради своите антиинфламаторни својства, екстрактот од авокадо е погоден за лекување и намалување на симптомите на артритис на коските, познат и како остеоартритис, и други видови на воспалителни болести.

Помага во борбата против воспаленијата

Неколку студии ги покажаа корисните здравствени својства на олеинската киселина - мононезаситени масти кои се наоѓаат во авокадото, маслиновото масло и маслото од репка. Олеинската киселина помага во борбата и намалувањето на сите видови на воспаленија во телото. Ова е многу важно за вас, бидејќи се верува дека хроничното воспаление во телото може да доведе до неколку болести, како што се: астма, алергии, артритис, Алцхајмерова болест, срцеви заболувања и рак.

 

Novak Đoković

 

Здрави очи

Според најновите истражувања, авокадото е меѓу првите 20 овошја во светот кои се консумираат редовно, а кое е богато со лутеин и добар извор на зеаксантин. Лутеинот и зеаксатинот се исклучително корисни во борбата против макуларната дегенерација. Ова е една од водечките причини за слепило во САД. Храната богата со фитохемикалии, како што е авокадото, може да обезбеди голема количина на лутеин и зеаксантин на вашето тело.

Многу важно за идните мајки

Според написот објавен во What to Expect, авокадото е една од најважните намирници за трудниците бидејќи е полно со хранливи материи како што се: калиум, витамин Ц, витамин Б6 и фолна киселина. Тоа е важно бидејќи витаминот Б6 е корисен за растот на ткивата и мозокот на бебето. Фолната киселина е неопходна за здрав раст на фетусот во раната бременост.

Јаки коски

Треба да знаете дека авокадото е полно со хранливи материи за здрави коски, како што се: витамин К, бакар и фолна киселина. Така, додавањето на авокадо во вашата здрава исхрана може да ви помогне да изградите и одржувате силни коски. Освен авокадо, додадете и други овошја за подобри резултати.

Salata, Piletina, Avokado

 

 

Го подобрува варењето

Еден од најважните елементи за секоја здрава исхрана се влакната. Влакната го одржуваат непречено функционирање на вашиот дигестивен систем. Затоа треба да додадете повеќе авокадо во вашата здрава исхрана. Едно авокадо содржи 13 грама влакна, што е околу 54% од препорачаната дневна доза.

Го подобрува расположението

Авокадото може да го подобри расположението. Ова се должи на високата количина на витамини и минерали, особено на калиум и фолна киселина. Една неодамнешна студија покажа дека калиумот е поврзан со депресијата Група научни истражувачи откриле дека депресивните мажи и жени имаат ниско ниво на калиум.

Нивните студии биле засновани на врската помеѓу натриум, магнезиум и калиум кај депресивни пациенти. Друга студија спроведена во 1993 година го откри истото; депресивните пациенти имаат пониско ниво на калиум од здравите луѓе.

Храна за мозокот

Сите знаеме дека бакарот е добар стимуланс на мозокот, па авокадото е исто така добра храна за стимулирање на мозокот. Тоа е затоа што содржи речиси 20 % од препорачаната дневна доза на бакар. Бакар - занемарениот минерал е директно поврзан со вашите мисловни процеси и креативното размислување.

 

Avokado

 

Го зајакнува имунитетот

Како што веќе спомнавме, авокадото е одличен извор на витамини од групата Б – кои можат да ви помогнат во борбата против многу болести и инфекции во организмот. Исто така, содржи големи количини на витамин Ц и витамин Е - природни зајакнување на имунитетот.

Ја зголемува енергијата

Мастите се најконцентрираниот извор на енергија во нашите тела, а знаеме дека авокадото е полно со нив. Може да ви помогне да ја прескокнете попладневната дремка ако го јадете за ручек. Здравите масти можат да му обезбедат на вашето тело избалансиран проток на енергија, така што телото може да ја заврши својата дневна рутина. Ако авокадото се јаде со јаглехидрати, тоа ќе ја забави брзината со која јаглехидратите се варат, што значи дека нема да бидете гладни по оброкот, особено откако ќе јадете едноставни јаглехидрати како бел леб.

Здрава кожа и коса

Авокадото може да ви помогне да добиете мазна кожа и сјајна коса. Ова се должи на неговите антиинфламаторни својства и високата количина на здрави масти. Едно авокадо содржи повеќе од 20 % од дневната доза на витамин Е, кој е корисен за заштита на телесното ткиво од оштетување на слободните радикали. Престанете да трошите пари на скапи креми за нега на кожа кои содржат витамин Е и јадете повеќе авокадо. Можете дури и да пробате масло од авокадо за да се борите со процесот на стареење.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk