logo
logo
logo

Запознала момче на интернет, отишла кај него и НЕ СЕ ВРАТИЛА! Најдена распарчена

Vecer | 26.11.2022

Запознала момче на интернет, отишла кај него и НЕ СЕ ВРАТИЛА! Најдена распарчена

Студент по медицина е уапсен за убиство и вадење органи на Мексиканка која отпатувала да го запознае во Перу откако се запознале преку Интернет. Бланка Арелано (51) се запознала со Хуан Пабло Хесус Вилафуерте (37) на апликација за запознавање и преку заеднички интерес за видеоигри започнале виртуелна врска пред таа да се согласи да го посети во Перу.

На 27 јули, таа отпатувала во Хуачо за да се сретне со студентот на Универзитетот Хозе Фаустино Санчез. Била во постојана комуникација со семејството во Мексико, каде се чинеше дека сè оди добро. Но, нивниот последен контакт со Бланка Арелано бил на 7 ноември и после тоа нејзиното семејство станало многу загрижено.

Нејзината внука, Карла Арелано, по исчезнувањето на Твитер напишала: „Како што минуваа месеците, тетка ми ми кажа дека е среќна, опуштена и дека врската оди многу добро. Никогаш не мислев дека ќе бидам во оваа ситуација, но денес барам вашата поддршка да го раширите овој пост и да најдам една од најомилените и најважните луѓе во мојот живот“.

Во редовните ажурирања на Твитер, таа пишувала за тоа како растеле нејзините стравови за безбедноста на нејзината тетка откако комуницирала со Вилафуерте, кој и бил единствениот контакт во Перу.

„Решив да комуницирам со Хуан П. бидејќи тој беше единствениот контакт што таа го имаше во таа земја и оттаму беше поттикнат нашиот страв“, рекла таа.

Таа потоа објави порака од Вилафуерте дека Бланка одлучила да се врати во Мексико. Неговата порака, објавена од Карла на Твитер, гласела: „Вистина е дека не знам ништо неколку дена, таа реши да замине, не можев да и го дадам животот што го сакаше и едноставно кажано, и здодеав. Отиде во Лима да најде билет за Мексико и тоа беше крај за мене. Се надевам дека е во ред, не знам ништо друго“.

Потоа, на 9 ноември, рибарите во Хуачо пронашле остатоци од распарчена жена со раце, глава и други делови од телото што лежеле на плажата. Перуанската полиција потоа започна истрага, вклучително и претрес на куќата во која се верува дека се случило убиството. Вилафуерте беше уапсен и сега е во притвор девет месеци додека трае случајот. Перуанските правосудни власти објавија на Твитер: „Судството утврди дека има основа за деветмесечен притвор за Хуан Пабло Вилафуерте Гутиерез“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk