logo
logo
logo

Запознајте го Martini Fiero – црвен, природен, совршен со тоник

Vecer | 23.06.2022

Запознајте го Martini Fiero – црвен, природен, совршен со тоник

Монденски пијалок кој ќе биде вашиот апсолутен избор за освежување во жешките летни денови и незаменлив придружник во ноќните авантури.

Мартини Фиеро е современ вид на вермут, во кој преовладуваат горко-слатки цитрусни примеси, препознатливи ноти на бело вино и бел пелин за смели, пикантни тонови.

Богатството и сложеноста на аромите на Мартини Фиеро се совршено комбинирани со горчливиот вкус на кининот во тоникот, создавајќи свеж и лесен аперитив.

100% природен, својата препознатлива црвена боја, Фиеро, ја добива од сушената кора на Мурсија портокалот, потопена во претходно подготвената инфузија од мешавина на билки и зачини.

Овој ексклузивен коктел бленд, се подготвува едноставно во сооднос 50% фиеро / 50% тоник.

Подготовка:

Наполнете висока балон чаша со мраз.

Наточете подеднаква количина од Мартини Фиеро и тоник.

Нежно промешајте (ќе се појави пена).

Украсете со парче црвен портокал.

Малку историја за Мартини Фиеро...

Пијалокот е креација на Martini & Rossi во Торино, Италија. Зачините и билните состојки за новиот Мартини Фиеро биле избрани од мајсторот билкар Ивано Тонути, автор на рецептот за познатиот џин Bombay Sapphire, а Тонути е познат и по тајните рецепти за вермут во компанијата.

Направен е со 100% природни состојки, вклучувајќи слатко-горчливи шпански портокали одгледувани во Мурсија, кои се рачно излупени и сушени под шпанското сонце на традиционален начин за да се зачуваат природните есенцијални масла во кората.

Портокалот Мурсија е слатко-горчливо овошје од доцна сезона, познат меѓу одгледувачите како дрво кое издржува помалку поволни услови на почвата. Дрвото е со средна големина, со овални темнозелени листови. Портокалите, кои обично зреат во февруари или март, се со средна големина и имаат мазна кора.

Интересен факт е дека портокалот бил избран да биде официјална маскота на Светското првенство во фудбал во 1982 година, кое се одржа во Шпанија. Маскотата била наречена „Наранџито“ („мало портокалче“) и ги носела боите на униформата на шпанскиот фудбалски тим.

Додека кората од портокалот ги дава живописните цитрусни ноти на вермутот, Artemisia absinthium и Artemisia pontica – бел пелин, кој се бере во селото Pancallieri во Торино - придонесува за горчината и билната арома која е карактеристична за италијанските аперитиво пијалоци.

Како правилно да уживате во Мартини Фиеро

Мартини Фиеро е совршен пијалок за аперитив. Кога се комбинира со тоник, тој е еден од најлесните коктели за правење, совршен за летни седенки и добри разговори.

Аперитив пијалок е вид на алкохолен пијалок кој обично се служи за поттикнување на апетитот пред оброк. Солените и зачинети јадења го истакнуваат неговиот освежителен овошен вкус.

Бидете креативни и подгответе даски со:

Брускети – парчиња багет премачкани со крем сирење и комплетирани со сувомеснато.

Маслинки - зелени или црни, и двете добро се комбинираат.

Разновидност на сувомеснати производи по ваш вкус.

Сирења - пармезан, гауда, секое сино сирење, па дури и фета сирење.

Зеленчук -  додава малку свежина, како што се чери домати со оригано и морска сол или парчиња свежа краставица.

Додадете сладок финиш со свежо грозје или зрели смокви за да избалансирате сè.

Мартини Фиеро можете да го најдете во сите поголеми супермаркети и низ HORECA објектите во Македонија. Или, едноставно, нарачајте на веб страната на генералниот дистрибутер и увозник АЛТЕА – ММ: https://bevanda.mk/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk