logo
logo
logo

Закерберг тврди дека не се онесвестил на џиу-џицу турнир, сега се појави снимка (ВИДЕО)

Vecer | 07.06.2023

Закерберг тврди дека не се онесвестил на џиу-џицу турнир, сега се појави снимка (ВИДЕО)

Но, според извештајот на Њујорк Тајмс објавен минатата сабота, милијардерот доста се мачел на мечот во кој го освоил сребрениот медал.

Противникот наводно почнал да го гуши и Закерберг во еден момент изгубил свест, пишува NY Times. Се чини дека приказната го вознемири основачот на Фејсбук и тој го ангажираше својот тренер и ПР тимот на Мета да се обидат да ги негираат тврдењата на Њујорк Тајмс.

Тимот на Закерберг тврди дека милионерот не ја изгубил свеста и дека репортерот на магазинот, Џо Бернштајн едноставно згрешил, иако признаваат дека Закерберг го загубил натпреварот. Во меѓувреме, се појави видео од спорниот натпревар, снимен од сопругата на победникот Џеф Ибрахим.

„Ме повлече надолу и кога станав, неговите нозе беа обвиткани околу мене“, изјави Ибрахим за NPR за контроверзниот натпревар, додавајќи дека техниката на Закерберг била „пристојна“.

„Можев да излезам од неговата стража (положба во џиу-џицу), но потоа тој некако ме повлече назад, но не беше доволно цврсто“, изјави тој.

На видеото јасно се гледа како противникот на Закерберг успеал да добие доминантна позиција, а Ибрахим тврди дека не е сигурен дали Закерберг изгубил свест. Но, тој рече дека стисокот на Закерберг за неговото кимоно почнал да слабее кон крајот на борбата.

„Не сакав да го пуштам додека не ми даде знак или судиите не ме спречија. Не знаев дали испушта звуци, бев премногу фокусиран на потезите“, објасни тој, додавајќи дека стисокот на Закерберг станувал сѐ послаб.

На видеото се гледа како судијата во еден момент му приоѓа на Ибрахим и го тапка по грбот. Борецот најпрво бил збунет, како и Закерберг, кој се расправал со судијата. Мора да се признае дека немало драма, но милионерот бил видно вознемирен.

Кога судијата му објаснил, тој само кимнал со главата и рече „Во ред, разбирам“ и спортски му честитал на противникот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)

Така, веројатно никогаш нема да дознаеме дали Закерберг изгубил свест, но неговиот противник вели дека била потребна храброст за натпреварот и дека милијардерот е навистина „кул тип“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk