logo
logo
logo

Задржете го младешкиот изглед: Oвие ИНДОНЕЗИСКИ ТРИКОВИ ќе помогнат во забавување на стареењето на кожата

Vecer | 26.03.2023

Задржете го младешкиот изглед: Oвие ИНДОНЕЗИСКИ ТРИКОВИ ќе помогнат во забавување на стареењето на кожата

Секоја нација има свои совети и тајни за убавина. Индонезиските третмани имаат антички корени и процедури кои се користат со векови. Жените на 53 години можат да изгледаат како да имаат 35 години, а блогерката Пуспа Деви е одличен пример за тоа.

Во продолжение погледнете кои седум рутини ги следат Индонезијките за да останат да изгледаат младолики што е можно подолго.

1. Користење на оризово брашно

Освен што користат оризово брашно помешано со вода како маска за лице, Индонезијките прават и специјални пилинг за телото. Пилинг пастата е направена од мелен ориз, ѓумбир, ореви, корен од куркума, цимет и прав од сандалово дрво. Треба да ги сомелете сите состојки заедно. Овој природен пилинг ја омекнува и чисти кожата, но користете го само на телото.

Rice in Glass Bowl

2. Превенција на стрии

На Бали се трудат да се грижат за своето тело од глава до пети. Многу е полесно да се спречат стриите отколку да се справите со нив подоцна. Еден од најпопуларните ритуали е нанесувањето на балиска маска за стомак. Тука спаѓаат мелениот ориз и „кенкур“, корен кој личи на ѓумбир кој кај нас се нарекува ароматичен ѓумбир. Овие состојки помагаат за еластичноста на кожата. Често по породувањето, жената добива масажа на телото со хербална облога што се става на нејзиниот стомак.

3. Користење на семе од папаја и папаја за кожа

Индонезиските жени користат пасирана папаја со или без млеко и ја нанесуваат директно на лицето за да им блесне кожата. Исто така, за да се ослободат од темната боја на косата и да се спречи нејзиното оштетување, мелеат семки од папаја и прават смеса со вода. Потоа ја нанесуваат оваа паста на косата, ја чуваат еден час и ја мијат.

Fotolia

4. Користење на козјо млеко за капење

Козјото млеко се користело во античките бањи за убавина што ги користеле принцезите од Јава. Тоа помага да се одржи кожата млада и мека. Жените додавале козјо млеко во својата бања и седеле во неа 30 минути, а потоа го исплакнувале млекото.

5. Редовно правење крем бања за коса

Во Индонезија, крем купката е омилен третман за коса. Тоа не е витинска бања, туку долг процес за нега. Најпрво на косата се нанесува маска од авокадо, а потоа се седи на пареа. Потоа следи лесна масажа на скалпот, вратот и рамената. Постапката завршува со миење и фенирање на косата. Крем бањата не е само релаксирачки третман, туку и помага на косата да биде силна и здрава и ја штити од лошите ефекти на хемикалиите.

24sata

6. Масажа двапати неделно

За Индонезијците, масажата е неопходна за здравјето и младоста. Основачот на модниот бренд, Нонита Респати, вели дека дури има и свој режим за убавина. Покрај маникир и педикир, таа оди на маски за лице еднаш неделно, оди на третмани за коса и мора двапати неделно да прави масажа на телото.

24sata

7. Зрачете со среќа

Една од најпопуларните блогерки во Индонезија, која изгледа како да има 35 години, а всушност има 53 години, ја откри својата тајна на младоста. Имено, колку е постара, толку е посреќна. Среќата помага да се зачува внатрешната и надворешната убавина. Насмевнете се повеќе и сакајте се себеси, пишува Bright Side.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk