Забарот и тиктокер под името дентите секојдневно на својот профил објавува разни видеа со кои ги советува своите следбеници и ги запознава со разни трикови за оралната хигиена. А токму негов коментар под видеото на еден корисник кој рекол дека открил оти забарите можат да видат дали сте имале орален секс и истото има преку 34 милиони прегледи, привлекол големо внимание.

Знаеме, но не смееме да ви кажеме како!

– Да, вистина е го знаеме тоа кога ќе ви ги прегледаме забите. Ако сега морам да ви го објаснувам тоа како знаеме, Тик Ток, веројатно, ќе не цензурира, напишал забарот.

 

@dentite

#greenscreen Recreational coke 🤧❄️, can eventually ruin the mouth and nose #dentist#coke#palate #omfs#dentalstudent

♬ Buss It – Erica Banks

Неколку дена подоцна на својот профил објавил ново видео во кое со помош на лижавче се обидел да ја открие болеста која може да ја предизвика оваа активност.

– Да замислиме дека сакате лижавче, едно, две, три- нема проблеми. Но да замислиме дека сакате многу повеќе, е тогаш се создава проблем кој резултура со болеста Palatal Petechiae. Вам кои носите протеза единствено можам да ви кажам. Оф!

 

@dentite

Reply to @dentaldigest Part 2 has been posted 🍭🍭🍭🧠🧠🧠🦷🦷#dentist#dental#🧠#viral

♬ original sound – Tiktok Dentist 🦷

Што вели струката?

Да, забарите навистина можат да видат ако сте имале орален секс. Марк Волф, стоматолог и декан на Факултетот во Пенсилванија, рекол дека можат да откријат, но и дека тоа не е толку чест случај.

– Тоа го гледаме низ малите подливи на непцата. Непцето зацелува за неколку дена, па не страв од трајно оштетување, објаснил стоматологот.